Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од ПС Тетово вчера во 23:00 часот го лишиja од слобода В.С. (62) од Тетово, постапувајќи по пријава од неговите два сина дека околу 21:00 часот во семејниот двор, нивниот татко В.С., кој бил под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички ги нападнал, а се заканувал и со остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 22:10 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.Д.(28) од Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 26-годишна вонбрачна партнерк