Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење кој претставува значаен чекор во насока на градење хумано, инклузивно и грижливо општество. Капацитетот е 48 лица кои тука ќе поминуваат по 4 часа во денот, за кои ќе има организирано различни активности. Проектот се реализира преку Министерството за социјална политика, а со поддршка на Австриската амбасада преку здружението Центар за развој и едукација од Прилеп и Центарот за социјална работа од овој град. „Како здружение заедно со сите вклучени соработници ќе продолжиме и понатаму со оваа услога навистина да им помогнеме на постарите лица поздраво и поквалитетно да живеат и да го имаат внимението од сите нас, со цел да им овозможиме програма и активности кои се од нивни заеднички интерес, од психолшки и здравствени услуги, физиотераптефтски услуги, намалување на социјалната изолација, услуги за спорт и рекреација“, вели Марина Тошеска, Центар за развој и едукација Прилеп. „При остварување на правото за користење на услугата, корисникот добива решение и согласно изготвеното решение има право секојдневно да доаѓа во центарот, меѓутоа во одредени активности кои кај него предизвикуваат интерес“, рече Зоран Малковс