Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
Во Охрид денеска ќе биде пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром. На отворањето ќе присуствуваат Серкан Каптан, извршен директор на ТАВ Аеродроми, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Реконструкцијата опфати проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, проширување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 метри квадратни, проширување на зоната за безбедносна контрола на патници и багаж, проширување на административната зграда од 290 м2 на 700 м2, нов ресторан-кафетерија за вработените, нови канцеларии за Граничната полиција, Царинската управа и паркинг за вработените. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.