Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. Во рамки на посетата, предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на Република Чешка, Јарослав Зуна. Годинашниот меѓународен саем IDEB, е најавен како најголем досега, со учество на над 150 излагачи од 16 земји, на кој ќе бидат изложени современи воени системи и опрема. МИА