Кога живата во термометарот ќе надмине 30 степени, секое влегување во автомобилот станува предизвик, а возачите се соочуваат со вечна дилема: дали да ја вклучат климата и да ја „зголемат“ потрошувачката на гориво или да ги отворат прозорците и да ризикуваат поголема бучава и отпорност на воздухот? Експертите истакнуваат дека одговорот не е едноставен и зависи пред се од брзината со која се движите.