Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
Во продолжението на жалбената расправа пред Апелациониот суд за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо пред судечкиот совет рече дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти во оценувањето на клучни докази и логиката на настаните. Според него, судот не дал анализа за дел од материјалните докази поврзани со подготовките за кривичното дело, меѓу кои и лепливата лента со ДНК од обвинетиот Велибор Манев, пронајдена на облеката на жртвата, како и нејзиното времено и фактичко потекло. Палевски истакна дека судот правилно го ослободил таткото на Вања Ѓорчевска по одделни точки од обвинението, поради недостиг на докази и комуникации, но неоправдано прифатил дека податоците за семејството Ѓорчевски биле добиени од жртвата по грабнувањето. Според него, ова не е поткрепено со други докази и е во спротивност со исказите на повеќе сведоци. Преку своите адвокати повторување на постапката побараа и обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Вишиот јавен обвинител Дарко Јакимовски истакна дека во првостепената пресуда, особено во точките еден и два од диспозитивот, се содржани сите правно релевантни факти, како и суштинска и сеопфатна
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.