Николоски: Интензивна динамика на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“, правиме се да се овозможи простор за што повеќе работа
На автопатот Гостивар - Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово - Гостивар, пак, се работи на околу 14 километри од предвидените 17,5, ареалзиацијата е 8,4 проценти. Од Владата велат дека прават се за да овозможат изведувачите што поскоро да ги завршат овој и останатите проекти од пакетот автопати што ги гради „Бехтел и Енка“, од каде истакнуваат дека имаат активен напредок во изградбата на повеќе од 50 километри од трасата на двата коридори, 8 и 10д. Увид на активностите во изградбата на автопатските делници денеска извршија премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Никооски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. - За делот од Тетово до Гостивар, во јавноста некако е прифатена перцепција дека тоа е автопат, но во суштина тоа е експресен пат. Првпат на оваа делница ќе се изгради автопат. Втората е делницата Гостивар Букојчани кај што сме сега. Нешто што мислам дека за многумина беше незамисливо, а тоа е дека било кога ќе има автопат којшто ќе ја заобиколи Стража и дека најтешкиот дел од поврзувањето со Охрид и со Струга и целиот Коридор 8, а тоа е
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.