Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки. Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, според документот објавен на веб страната на Собранието, е Катерина Зајковска со 90, 67 бодови, а Комисијата за селекција оценила дека врз основа на дадените одговори кандидатката има големо искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси и има јасна визија за работата на ДКСК и план за нејзината работа. Дала одлични одговори за поставените општи и посебни прашања. Зад неа е Милка Муратовска, а зад неа се Тања Левајковиќ и Владимир Клековски. На огласот за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца се пријавени кандидатите Невена Петровска, Димитар Каракулев, Наташа Георгиева, Зоран Киткањ, Елена Георгиевска и Елена Мујоска Трпевска. Ќе се менуваат и членовите на комисиите на барање на ЗНАМ, одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Север