Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
Се уште е активен пожарот во пробиштипскиот регион. Во моментов сите сили на противпожарните служби и на доброволците од доброволните противпожарни служби се насочени помеѓу Пробиштип и село Ратавица, каде изгорена е голема површина од сува трева и нискостеблеста вегетација. Златко Илиев, од доброволното противпожарно друштво Кочани вели дека три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница. Забележува дека пожарот е делумно ставен под контрола, а во моментов се направија пресеци со градежна механизација, за пресретнување на пожарот и спречување негово ширење кон селото Ратавица. Во гаснење на пожарот помага и локалното население. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов на терен се три „Ер трактори“ на ДЗС. Пожарот избувна попладнево во пробиштипското село Бучиште, каде изгоре една, а опожарени беа три куќи. Подоцна, пожарот продолжи кон селата Неокази и селото Ратавица, каде што, во моментов во тек е акција за негово ставање под контрола. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.