Генерацијата пред 35 години успеа да создаде независна држава, но градењето функционална држава во многу области се уште е незавршена работа. Ова е главната порака од денешната панел дискусија во Вила Водно, која се организираше во пресрет на утрешниот роденден на Македонија. Претседателката потсети на Асномскиот завет во кој се посочува – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме. Таа додаде дела држава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на нивната функционалност. „Според еден научник, може за шест дена да скицирате устав, може за шест месеци да зацртате либерална економија, ама ви требаат шеесет години да изградите функционална демократија. Таа не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова. На панел дискусијата учествуваа првите парламентарци кои порачаа дека правата и лојалноста се секогаш клучни за стабилноста и просперитетот на една земја. „Нашата држав