Молк од институциите за случајот со избодениот 14 годишник во Ченто.. Полицијата не открива дали поднела кривична пријава против трите лица кои ги уапсила, а Јавното обвинителство во текот на целиот ден проверува дали пристигнала пријава од МВР.. Нема одговор ниту под која правна квалификација ќе се води случајот.. Според мајката на момчето, настанот бил евидентиран како насилство.. Во кусото известување од МВР не може да се препознае дали уапсените во моментов се на слобода или во полициска станица, ниту за кое дело ќе се гонат.. „ Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј, В.А и В.С од Скопје затоа што на 22 јуни околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички го нападнале малолетното лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна криивчна пријава “, велат од МВР. Мајката на избодениот 14 годишник не знае зошто бил избоден нејзиниот син.. Тврди дека ниту тој ниту семејството имале недоразбирања со други лица.. Напаѓачите, вели таа, освен ножеви, носеле и пушка Калашников, а биле и маскирани.. Сега, детето и неговото семејство велат дека се плашат за својата безбед