10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
Десет претстави во официјалната конкуренција и уште четири во придружната програма, тркалезни маси, автор во фокусот, работилници, театар за деца, како и изложби ќе понуди јубилејниот 60-ти македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 5 до 12 јуни во Прилеп под мотото „Храбриот нов театар“. Годинашни добитници на наградата за животно дело се театарските уметници: Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Керими. Уметничкиот директор Ана Стојаноска вели дека во македонскиот театар недостасуваат повеќе претстави на современи македонски автори. „Од изгледаните 54 претстави во македонските институционални театри и независната продукција, како главна одлика се гледа дека доминираат мал број на режисерски имиња, квази комедии кои треба да ни покажат дека публиката доаѓа во театар од една причина, како и препрочити на одамна веќе излитени драми. Недостига поголем простор за македонската драма, независно дали е современа или не, а особено претстави кои сериозно би ја претставиле македонската драма во современ контекст. Иако на репертоарите на театрите имаше македонски драми, сепак недостигаше современ ракопис кој треба да покаже како треба да изг
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.