Премиерот Мицкоски денеска бил меѓу Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го откри споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред големиот број нашинци од сите делови на Мала Преспа и пошироко истакна дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу националните интереси и иднината на нашите деца. Манифестацијата беше организирана под мотото „Чест за хероите, завет за иднината“. -Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија - рече премиерот. Порача дека Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво. -Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денеска сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка - порача Мицкоски, кој беше п
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.