Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето
ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето. Ние сме млада демократија, 35 години не значи премногу, но е доволно за да направиме ретроспектива, да видиме колку имавме подеми и падови. Учевме и растевме од падовите, се обидувавме да станеме што е можно побрзо и создадаовме прекрасна приказна наречена Македонија, а демократијата е процес кој допрва ќе продолжиме да го растеме и усовршуваме, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, отворајќи ја првата политичка платформа „Повеќе учество, повеќе демократија" што ја организира Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод 15 септември - Меѓународниот ден на демократијата. Како што оцени Мицкоски, деморкатијата е на високо ниво, не само во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во рамки на државата. Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била за независна, демократска, суверена држава. -Партијата во времето кога се уште бевме дел од поранешната СФРЈ, зборуваше за независна, демократска и суверена држава со свои банкноти, химна, армија, спортски репрезентаци,... Како резултат на тие политики во 1991 година се случи акламативно изјаснување на граѓаните да имаме независна, сопств
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.