Републичкиот хидрометеоролошки завод излезе со најново предупредување, и потенцираше дека до крајот на првата декада на септември очекуваме продолжување на неповолната метеоролошка состојба со дефицит на врнежи и температури над просекот, од 30 до 35 Целзиусови степени. Сепак, на 10 и 11 септември, според нивната најава, дожд и врнежи конечно би можеле да пристигнат и кај нас!