Министерството за одбрана го објави најновото ажурирање за состојбата со пожарите во земјава, а се однесува до 20 часот на 5 септември. Во текот на денот пријавени се 21 пожар, од кои 11 се активни, 5 се под надзор, а 5 се изгаснати. Во гаснењето на пожарот ангажирани се 587 локални оперативни сили, 52 противпожарни возила, како и 550 персонал и 7 противпожарни возила на Вооружените сили.