Портпаролот на косовската полиција, Енис Плана, потврди дека синоќа околу 23 часот, полицијата добила информација дека во Обилиќ се случила сообраќајна несреќа со смртни последици. Во несреќата, како што потврдуваат од Полицијата, учествувале мотоцикл и пешак. Од здобиените повреди животот го загубиле возачот и сопатникот на мотоциклот, додека пешакот се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош