Пожарот кај Исар во Штип е целосно локализиран и ставен под контрола, соопштуваат надлежните служби. Во моментов нема активни линии на ширење на оваа локација. Посериозна останува состојбата кај селото Чардаклија во општина Чешиново-Облешево, каде пожарот што зафати висока сува трева, нискостеблеста деградирана шума, смреки и жбун, продолжува да се шири. Огнот зафатил и една парцела со фотоволтаични панели. Екипи од ТППЕ Штип се на терен и вршат прегрупирање на силите и средствата, при што дел од единиците кои претходно учествуваа во гаснењето на пожарот кај Исар се пренасочени кон Чардаклија, со цел да се спречи понатамошно ширење на огнената стихија.