Четириесет и еден вработен во компанијата „Микросам“ со седиште во Прилеп, после оброкот што го консумирале во понеделникот имале симптоми на труење со храна. Никој не е хоспитализиран, информираат од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој заедно со санитарниот и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство извршиле вонреден инспекциски надзор и надзор и на фирмата и на фирмата.