Од собраниската говорница да се слушаат аргументи и издржани дебати, а не навреди и лични дисквалификации, а транспарентноста и одговорноста да бидат императив за секој народен избраник. Пратениците преку Етички кодекс се обврзаа на достојно однесување во Парламентот со кое јавниот интерес ќе го стават над личниот. На промоцијата на Кодексот кој беше донесен на 15 јуни собранискиот спикер Гаши побара напишаното на хартија да не остане само декларативно залагање. Им порача на пратениците дека граѓаните не сакаат само политичари кои добро зборуваат, туку политичари со интегритет. За меѓународните партнери по чија експертиза се правеше целиот Кодекс, ваквиот документ ја прави потранспарента и доверлива работата на пратениците. Пратениците се единствени дека Етички кодекс е важен документ за враќањето на довербата во собранието. Но, дали напишаното ќе стане и пракса? Иако пратениците се обврзаа на дебата без навреди, реалноста во собраниската сала често е поинаква. Пленарните седници и комисиските расправи неретко се претвораат во сцена за лични навреди, довикувања и меѓусебни дискредитации. Наместо аргументи за законските решенија, во фокусот завршуваат политичките пресметки, а суштин