Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, јасно реагираше на неодамнешните шпекулации кои го поврзуваат напаѓачот Хулијан Алварез со можна преселба во Реал Мадрид. Во изјава за медиумите, Серезо ја отфрли секоја можност за заминување на играчот, нагласувајќи дека мадридскиот клуб нема намера да прифаќа понуди за него. „Официјална понуда на Реал Мадрид? Хулијан Алварез не е на продажба“, изјави претседателот на Атл.