Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
Велосипедистите бараа велосипедско поврзување меѓу Охрид и Струга но и патеки кон населбата Свети Стефан и Пештани. На денешната јубилејната Ипа велосипедска тура од Охрид до Радожда тие испратија порака за посериозно вложување во изградба на функционална и безбедна велосипедска инфраструктура во регионот. Велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот. Особено стариот пат Охрид-Струга е небезбеден каде за жал изминатите години имало сообраќајни несреќи со жртви. Токму затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста. Организаторите на 10-та по ред, меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид – Струга – Радожда.истакнаа да ваквите иницијативи имаат големо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во охридско-струшкиот регион, со што се придонесува за негово позиционирање на меѓународната туристичка мапа. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга Категорија: Македонија Новинар: Нина Аритоновска
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.