Изградбата на новиот клинички центар е паралелен процес со проектот за регионализација на болниците. Министерот за здравство смета дека завршувањето на здравствените установи во Штип и Кичево и ставање во погон на капациетите во внатрешноста може да биде во исто време и со модерниот клинички комплекс што го најавува Владата, но не зависат еден од друг. За реализацијата на второто ветување треба прво финализирање на преговорите со сопственикот на земјиштето лоцирано до салата Борис Трајковски. - Во секоја држава здравствениот систем или елитата на здравствениот систем или нови покомплексни случаи се во терциерното здравство. Тоа ни е главна активност што мора да ја решиме. Со децении се зборува за нов клинички центар така да тоа воопшто не се поврзува со регионализацијата, вели Азир Алиу, министер за здравство. Алиу вели и покрај неколку предлози за локација на новиот клинички центар, работната група проценила дека и временски и финансиски најмногу одговара просторот кај салата Борис Трајковски што е од другата страна на булеварот кај болницата 8-ми септември. - Денес кога велиме за клинички центар, најоптимално е да биде во овој простор кај што сме блиску до болницата 8-ми септемвр