Среќен почеток на новата учебна 2026-2027 година им посака утрово на учениците министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во ОУ „Киро Глигоров" во Центар присуствуваше на официјалната промоција на кампањата на „Македонски телеком“ против врсничко насилство и мирни и безбедни училишта. Првиот училиштен ден таа посебно им го честиташе на првачињата и на нивните родители и наставници, со желби најмалите ученици да имаат успех во учењето, да се описменат, многу да се дружат, да бидат многу љубопитни и да прашуваат, да размислуваат и да го кажуваат своето мислење. - Им пожелувам вредна работа на учениците. Но, им посакувам и нешто друго - сè што прават, заеднички и мирно да прават. На сите ученици им посакувам мирна училишна средина во која нема да има карања и тепачки, изјави Јаневска. Успешна учебна година таа им посака и на учениците од погорните одделенија со порака „да докажат дека се поодговорни и позрели“, да бидат пример за помалите, повикувајќи на толеранција и емпатичност. - Учете, многу учете, затоа што знењето е најголемата сила што може да ја добиете, тоа богатство никој не може да ви го одземе и со него можете да направите многу добри работи и да си ги оствар