ЕУ подготвува нова финансиска поддршка од рефомскиот фонд за Македонија, Црна Гора и Албанија, пишува Еуроњуз повикувајќи се на извори од ЕК. Трите земји се сметаат за лидери во спроведувањето на домашите реформи, додека Босна и Херцеговина, Косово и Србија, генерално се сметаат за земји што заостануваат, па нивните неискористени пари ќе бидат прераспеределени. Средствата што не ги користат Босна и Херцеговина, Србија и Косово, затоа што не ги исполнуваат обврските од т.н. Реформска агенда, се очекува да бидат пренасочени кон земјите со најголем напредок во реформите. „Тоа се Црна Гора и Албанија, т.н. предводници (’фронтранери’), како и Северна Македонија, која исто така има добри резултати во спроведувањето реформи “, пишува „Еуроњуз“ Од инстументот за раст на Западен Балкан, вреден 6 милијарди евра, Унијата досега има исплатено нешто над 670 милиони евра кон шесте земји кандидати. Финансиската помош е сепка условена со спореведувањето реформи, а крајниот рок кој го постави Унијата истече во вторникот, односно на 30 јуни. Планот за прераспределба на парите од земјите кои заостануваат кон водечките кандидати според Еуроњуз, Европската Комисија ќе им го претстави на земјите членки