Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ја спасил Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната против Иран и повторно го нападна Лондон поради неговото одбивање да се вклучи во конфликтот, јави ДПА. „Јас ја спасувам и вашата земја од заканата…Бидејќи ако Иран имаше нуклеарно оружје, поверојатно е дека би го употребил во Европа, до каде што можат да достигнат иранските ракети“, посочи американскиот претседател во телевизиското интервју за биританската „Џу Би њуз“„ Тој повторно ја исмејуваше неподготвеноста на Велика Британија за вклучување во конфликтот со Иран. Тој навести дека САД би можеле да ја повлечат поддршката за Велика Британија во прашањето за Фолкландските Острови. „Не заборавајте дека добивате голем процент од вашата нафта преку Ормуската Теснина, а вие не бевте таму за да ми помогнете“, нагласи Трамп. Трамп ја даде изјавата во услови на продолжена воена напнатост меѓу Вашингтон и Техеран на Блискиот Исток поради Ормуската Теснина. Важниот поморски енергетски коридор беше отворен за бродски сообраќај до пред американската и израелската офанзива против Иран, за која Вашингтон и Тел Авив тврдат дека имала за цел да се спречи земјата да разви
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.