Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
Пазарот на недвижности во земјава во првата половина од 2026 година бележи умерен раст на активноста, со регистрирани 16.126 трансакции, што е за 2,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Од нив, 11.395 се купопродажби, а 4.731 се закупи, при што вкупната вредност на купопродажбите достигнала 625,7 милиони евра, или 21,3 отсто повеќе од првата половина на 2025 година. Најголем удел во купопродажбите имаат становите и земјоделското земјиште и шумите, додека становите се и категорија со најголема вкупна вредност на реализираните трансакции. Истовремено, просечните цени на становите во повеќе општини бележат раст, а вкупниот износ на месечните закупнини е зголемен за 29,4 отсто. Највисока постигната цена на стан по квадратен метар е регистрирана во Општина Центар и изнесува 206.640 денари, односно околу 3.360 евра за квадратен метар, за стан со вкупна површина од 50 квадратни метри и купопродажна цена од 168.000 евра, покажуваат податоците изнесени во Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности во првата половина на 2026 година. Најголем број трансакции, односно купопродажби и закупи, е регистриран во април – 2.902, додека најмал број е евидентиран во јануари, со 2
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.