Расправата за ребалансот на буџетот се претвори во жестока дебата за пензиите. Власта и опозицијата ги вкрстија аргументите за стабилноста на Фондот, моделот на покачување на пензиите, но и околу најавите за потенцијално зголемување на старосната граница за пензионирање. СДСМ предупредува дека Фондот за пензиско сѐ повеќе зависи од буџетот, односно на секои 100 денари придонеси, ПИОМ добива уште 73 денари од државната каса. „А што е одговор одговорот на Владата? Во јавноста веќе се тестираат идеи дека луѓето можеби ќе можат да работат и до 73 години. Па кои сте вие тоа да го кажете? Вие сте спремни да ја зголемите старосната граница на 73 дена години, без да ги прашате луѓето дали тоа е доволно, без да го прашате земјоделецот или тој што работи во градежништво дали на 63 години е спремен да работи сеуште, а не на 73“, кажа Битиќи. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека никој не предложил закон со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање и дека станува збор за предлог - оние кои сакаат доброволно да останат на работа, тоа да можат и да го сторат. „Велите дека за да сме го спасиле пензискиот фонд, ќе сме ги терале граѓаните да работат до седумдесет и три години. Па мислам немојте