Изборниот законик е добар и ги содржи препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а политичките партии треба да изнајдат консензус измените да бидат донесени, порача евроамбасадорот Рокас по блокадата на опозицијата со речиси 14 илјади амандмани. Премиерот Мицкоски синоќа понуди решение за најспорното прашање за опозициската СДСМ, според која електронското гласање на нашинците во странство може да биде извор на изборни злоупотреби со 200 илјади гласови. Мицкоски понуди гласање по пошта. Но, ни ова не е доволно за лидерот на СДСМ, Филипче. За него не е прифатливо гласањето на дијаспората на кој било начин да се разликува од гласањето во земјата. Филипче на маса сè уште го става предлогот дијаспората да се изземе од овие измени на Изборниот законик и до 2029 година, кога е предвидено електронското гласање, партиите со експертска работна група да изнајдат прифатливо решение. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо Категорија: Македонија Новинар: Катерина Нешковa