ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утрово активни се шест пожари во земјава, пет се ставени под контрола, а 19 се изгаснати во изминатото деноноќие. Активни се пожарите во с. Грачани и с. Никиштани, а пожарот е активен и на територијата на Република Косово, каде гори шума. На територија на Општина Македонски Брод активен е пожарот во с. Белица, месност Кајорец, кон с. Брезница кај репетиторот, каде гори нискостеблеста и мешана шума. Во Општина Чучер-Сандево поточно во с. Брест, месност Рамно гори мешана шума. Во околината на кичевските села Кнежино и Добреноец гори нискостеблеста шума, а ниска вегетација гори во местото викано Дарда во околината на село Тајмиште. Активен е и пожарот во Општина Ново Село во с. Стиниќ каде гори мешана шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите во: Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селци (нискостеблеста шума); Општина Македонски Брод: с. Брезница (ниска вегетација и помошен објект); Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Кратово: Кратово (депонија); Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија). Изгаснати се пожарите во: Општина Неготино: с. Црвени Брегови (ниска вегетација
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.