„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
„Државата се предаде, но законот се уште стои“ - ова е пораката што ја испратија еко активистите кои се против отворањето на рудникот на Огражден над селата Иловица и Штука, откако Владата објави дека Вишиот управен суд донел пресуда со која се поништува претходно донесената одлука со која се поништи спојувањето на двете концесии. Преку објави на социјалните мрежи тие порачаа дека нема багер на Огражден, нема дупчење и нема вработен на Еуромакс, подизведувач, геолог или археолог кој ќе работи додека законот не се примени рамноправно. Воедно, активистите бараат Владата повторно да одлучува бидејќи, како што велат, тоа е нејзина должност. „Донесете одлука за одбивање на спојувањето врз основа на член 54 , десет години истечен рок. Врз основа на член 61 , нееднаков правен третман поради колатерал. Врз основа на правната логика , анексот никогаш не настапил. Донесете одлука за едностран раскин согласно член 51. Одземете ги концесиите Иловица 6 и Иловица 11. Не поради притисок, не поради народот на улица, туку затоа што тоа го бара законот кој постои“, стои меѓу другото во барањето на еко активистите од „Здрава Котлина“. Нивната реакција доаѓа откако Владата претходно информираше за одл
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.