Задолжувањето од 1,3 милијарди евра го нема во ребалансот на буџетот, затоа што е планирано за следната година- за враќање стари доолгови кои СДСМ ги направи. Ги нема и 350те милиони евра од Јавното претпријатие за државни патишта, бидејќи јавно претпријатие не е држввна институција и неговиот долг не влегува во буџететот. По министерката за финансии, денеска и премиерот Мицкоски вчарашните обвинувања на опозицијата ги нарече небулозни и тотолно непознавање на економијата. -Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Државното јавно претпријатие за државни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг — и тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури, така се повлекуваат заеми и така се плаќаат. И втората теза — зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на Буџетот, затоа што таа е да се издаде еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови, коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и ми