Прославата на 35-годишнината од Рееферендумот за независност не ги смени историските факти, ниту ја смени сегашноста. Но, таа го поткрена духот на нацијата и уште еднаш потврди дека плебисцитарната волја на граѓаните на Македонија за самостојна, суверена и демократска држава има историски континуитет во одлуките на двата Илиндена и директна потврда на плебисцитот на 8 септември 1991 година. Таа е и нашиот влог во иднината. Навистина, се потрошија „малце многу“ пари, но наместо државната каса, „настрада“ главно нераспределена дивиденда на богатата Лотарија на Македонија. Ама, се виде и што значи онаа старата – колку пари, толку музика. The post Референдумската волја на македонскиот народ за суверена држава е пламен што мора да се чува, да се разгорува и да се слави! appeared first on plusinfo.mk .