Зголемениот број на туристи и побарувачката на адреналинските спортови во кои се комбинира физичката активност со природата ги активира спасителите на планина.Околу 90 проценти од интервенциите се случуваат во екот на летната сезона,пријавените случаи најчесто се поради повреди , поради густа магла, губење, одрони на карпи,ниски или премногу високи температури, а последниот драматичен инцидент со параглајдеристите во Охрид го вклучи алармот. Регионот е специфичен има доста авантуристички активнoсти најчесто барани од странските туристи каде ризикот е повисок потенцира Додески. Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид располага со 25 активни волонтери , која делува во регионот околу Охридското ЕзероДебарца. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Спасителите на планина активни на терен Категорија: Македонија Новинар: Нина Аритоновска