Сите знаеме што е руски рулет, но сега е измислена нова фраза - „руска лотарија“. Така возачите во земјата богата со нафта го нарекуваат патување до бензинската пумпа по масовните украински напади со долг дострел кои предизвикаа неколкунеделен недостиг на гориво дури и во главниот град Москва. Бидејќи за ограничено количество гориво - чии цени рапидно растат - треба да се чека до 28 часа, очајот и гневот на населението често кулминираат со