Започна изградбата на нов мост над реката Брегалница во близина на Бања Кежовица во Штип. Мостот е дел од новата обиколница што ќе ги поврзе населбите Пребег и Железничка со викенд-населбата Плуждино. Станува збор за капитален инфраструктурен проект на Општина Штип, инвестиција во врредност од 70 милиони денари. -Верувам ќе овозможи иден развој на овој дел од градот. Всушност обиколницата која претходно беше започната и на која веќе интензивно се работи за да добие употребна вредност и да добие функционалност, неопходно беше изградбата на овој мост, за кој веќе се започнати активностите на терен и очекувам во наредните месеци овде да се изгради она кое што го предвидува самиот основен проект - изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип. Паралелно со изградбата на новите сообраќајни врски, локалната самоуправа работи и на подготовка на детални урбанистички планови. -Обиколницата, мостот, но и сите сообраќајници кои се градат на територија на општина Штип верувам дека ќе овозможат побрз проток на возила, скратен пристап до одредени делови од градот, побрзо поврзување на одредени населби. Се прават детални урбанистички планови за да се овозможи иден развој на овој потег, со зона за д