Додека владата се обидува да го претстави ребалансот на буџетот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Овој ребаланс на буџетот не е инструмент за одговорно планирање, ова е сметка за неуспешниот буџет од декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а граѓаните сега ја плаќаат цената на владината неодговорност, обвини заменикот