Младата музичка ѕвезда Зера вечерва настапи на фестивалот „Недела на музика“ во Ушќе каде уште еднаш го оправда својот статус на миленичка на публиката. Таа не го криеше ентузијазмот за атмосферата, посочувајќи дека импресиите и се убави и дека е особено горда што ја изведе својата прва песна во сосема нов аранжман со пијано.