Владината коалиција влегува во клучната недела за најавената реконструкција. Иако преговорите се во завршна фаза, од партијата ЗНАМ јавно демонстрираат цврст став и порачуваат дека нивните кадри успешно ја спровеле програмата и дека на Илинденска не влегле по сопствена желба, туку по покана. Сепак од партијата на Димитриевски велат сите опции како и за нови министерски ротации остануваат отворени. Додека ЗНАМ тактизира, во коалицијата ВЛЕН преговорите се во полн ек. Сепак, највпечатлив е ставот на министерот за здравство, Азир Алиу. Во ек на шпекулации за негова смена, тој порача дека политичката функција не му е животна вредност и дека секој ден на работа доаѓа свесен дека може да му биде последен на функцијата. Во вторник по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, официјално ќе се знаат новите имиња и кои ресори ќе претрпат ротација. Мицкоски тврди дека владата по две години е конечно консолидирана, по како што вели, „длабокиот минус“ што го затекнале. И додека премиерот одбива предвреме да зборува за персонални решенија, во политичките кулоари веќе наголемо се шпекулира дека освен ресорот правда, сериозни кадровски измени и ротации ќе претрпат и министерствата за здравство