Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe), информираат од МО. За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествувал на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус биле иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили. На форумот на кој присуствувале високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија била испратена пораката дека нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија. Учеството на овој форум, како што велат од МО, е исклучително важно имајќи ја предвид намерата на македонската Влада за поддршка на развојот на домашните компании во областа на наменскат