Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
Во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот во Битола наврнале 26 литри дожд на метар квадратен, во Демир Капија, 24, Виница, 21, Лазарополе, 17, Берово, 14, Крива Паланка,13, Гевгелија, 8, Скопје – Петровец, 2, а во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови по 1 литар. Управата за хидрометеоролошки рабои (УХМР) информира дека денеска ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде до 32 степени. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.