Договорот е закажан да биде потпишан утре, како дел од напорите за завршување на војната со Иран, по што Ормусата Теснина треба повторно да се отвори, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social, пренесе ДПА. „Договорот е закажан да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормуската Теснина е ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ“, напиша тој. Американскиот претседател во објавата напиша „нашиот однос со Иран е многу поинаков и подобар од претходните администрации. За разлика од стотиците милијарди долари исплати на Обама кон нив, вклучувајќи 1,7 милијарди долари во готовина, нема да се разменуваат пари. Во соодветно време, кога сè ќе биде мирно, ќе влеземе и ќе ја земеме нуклеарната прашина, закопана длабоко под моќните потонати гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разбиеме и уништиме, без разлика дали тоа ќе биде во Иран или во САД. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Иран и целиот Блиски Исток, долго во иднина“ Тој наведе дека и се надева дека овој процес ќе се одвива брзо, лесно и непречено. „Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива, се надеваме