Опозициската Демократска унија за интеграција за денеска (26.06.) свика протест на плоштадот во Тетово. Ова откако Уставниот суд донесе одлука со која ги укина имињата на улиците од 2007 година, бидејќи ДУИ во времето кога беше на власт ја одобри одлуката без согласност на владата како што налага законот, додека сегашното општинско раководство на чело со ВЛЕН, иако можеше, не презеде ништо за да ја види.