Со децении, стаклените тули се синоним за стари згради, скали и бањи од некое минато време. Многумина ги сметаа за застарен детаљ за кој повеќе нема место во модерните ентериери. Сепак, трендовите во уредувањето на домот во последните години го покажуваат токму спротивното - стаклените призми се враќаат во мода, и тоа во многу поелегантна верзија.