Бројот на лица кои годинава ги загубија животите од западнонилската треска во Македонија се искачи на седум, што е вознемирувачка бројка во однос на претходните години. Податоците добиваат уште поалармантна димензија ако се земе предвид фактот дека, според Институтот за јавно здравје, од 2011 година, кога за прв пат е забележан вирусот во Македонија, до 2025 година, вкупно се регистрирани само пет случаи.