Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени, а 66 криминални групи се разбиени во полициска операција спроведена во 90 земји, соопшти денеска Интерпол. Организацијата изрази особена загриженост поради злоупотребата на антипаразитски производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или законски медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“ (Pangea XVIII), спроведена во март на сите континенти, резултираше со заплена на повеќе од шест милиони нелегални лекови во вредност од 15,5 милиони долари, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација со седиште во Лион. Меѓу запленетите нелиценцирани или фалсификувани лекови имало препарати за еректилна дисфункција, седативи, лекови против болки, антибиотици и средства за одвикнување од пушење. – Благодарение на онлајн пазарите и неформалните синџири на снабдување, криминалците можат да ги искористат регулаторните празнини, а целна група им се луѓето што бараат брзи или поевтини начини на лекување – изјави генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, предупредувајќи на сериозни, па дури и фатални последици. Организацијата забележала нагло зголемување на заплените на