Во Собранието денеска се очекува повторно да се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што наведуваат оттаму, да прифатат и една изборна единица. Левица во меѓувреме побарала државното финансирање за изборно рекламирање за партии со пратенички групи да биде 10 отсто и одлучувањето во ДИК да биде консензуално, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо. Во измените и дополнувањата на Изборниот законик што се во собраниска процедура и за коишто сега се поднесени околу 13.500 амандмани од СДСМ и Левица, најспорен беше предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ веднаш го одби овој предлог, а од партијата нагласуваат дека не се против гласањето на дијаспората, додавајќи дека таа и сега има можност да гласа, но дека се против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја. За Левица предлогот за ел