Петгодишно дете паднало од балкон во Гостивар
Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот. - Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР. Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.