Водителката на „Дневник“ на ТВ Пинк, Тања Раѓеновиќ влезе во шестата деценија од животот, а во слободното време се занимава со танц на шипка. Како што истакнува таа, овој тип на тренинзи развива женственост, сила и правилно држење на телото, обезбедувајќи чувство на релаксација и мир со соодветна музика. Тања објаснува дека поентата е да се контролира секој мускул на телото и вели дека ова хоби не треба да се банализира.