Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите во споредба со тоа како било претходно. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период, истакна дека уште кога биле опозиција, јасно ветиле дека ќе сторат сè што може во нивниот мандат за почеток да обезбедат линеарно зголемување од пет илјади денари за сите пензионери. - Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме седум илјади денари линеарно зголемување - рече Мицкоски и додаде дека СДСМ и лица блиски до партијата се обиделе ова да го оспорат пред Уставниот суд и да ја испитаат уставноста на ова решение. - Но она што за нас е важно е дека на голема група наши граѓани пензионери, со ова, би рекол, незначително линарно зголемување од седум илјади денари, во едно семејство, во кое да речеме имаме двајца пензионери, тоа се 14 илјади денари плус, колку-толку успеавме да им го направиме подостоинствен нивниот живот во споредба со тоа како беше претходно - рече Мицкоски. Премиерот изјави дека порано пензиите се зголемувале по десет, 15, 20 денари,
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.